НЕ 16 ТУКУ 365 ДЕНА ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКА

    НЕ 16 ТУКУ 365 ДЕНА ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКАПреку активностите на кампањата „16 дена активизам“ ќе се подигне свеста за елиминацијата на насилството врз жените и семејното насилство, и ќе се испрати порака за нулта торенција за насилниците; - Во знак на поддршка на кампањата, Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ е осветлен во портокалова боја. (Фото: Претседател на РСМ)

    Преку кампањата „16 дена активизам“ годинава во земјава ќе се одбележи Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените. Преку активностите на кампањата ќе се подигне свеста за елиминацијата на насилството врз жените и семејното насилство, и ќе се испрати порака за нулта торенција за насилниците. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам туку 365 дена во годината.

    „Овој ден не треба да се чествува, затоа што ние не празнуваме, туку ја подигнуваме светста на целото општество за борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам, туку борбата против насилството врз жените, родово базираното насилство и семејното насилство е наша обврска како граѓани, носители на одлуки, политичари, како оопштество да трае во континуитет. За да се овозможи соодветен одговор на сите форми на насилство врз жени и девојчиња, потребно е спроведување на сеопфатна политика, за борба против насилството, политики кои ќе бидат елемент на демократското и транспарентно владеење, кое ја чини суштината на владеење на правото“, истакна министерката Шахпаска која заедно со министри од Владата и претставници на невладиниот сектор преку онлајн состанок го одбележаат денешниот ден.

    Шахпаска кажа дека потпишаната ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година, значи и преточување на одредбите во законско решение, всушност тоа е и суштината на новиот Закона за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој е во собраниска процедура.

    „Очекувам низ една широка, транспарентна дебата заедно и власта и опозицијата, да ја отвориме расправата на овој закон, затоа што насилството не препознава општествен или имотен  статус,ниту верска или политичка определба. Тоа е реалноста за која сите отворено треба да говориме, да превенираме и заштитиме,“ рече Шахпаска.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира