НЕ Е ВООБИЧАЕНО МВР ДА НЕ КАЖЕ НИТУ ИНИЦИЈАЛИ НА УАПСЕНИТЕ, ВЕЛИ СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“

    НЕ Е ВООБИЧАЕНО МВР ДА НЕ КАЖЕ НИТУ ИНИЦИЈАЛИ НА УАПСЕНИТЕ, ВЕЛИ СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“„Секогаш МВР кажува иницијали, но за овој случај нема“, кажа Петровска во гостување на ТВ21. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска вели дека не е вообичаено Министерството за внатрешни работи да не соопшти ниту иницијали на уапсените за некое кривично дело, како што е случај со вчерашното убиство кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

    „МВР не ги соопшти, што не е пракса досега. Секогаш МВР кажува иницијали, но за овој случај нема“, кажа Петровска во гостување на ТВ21.

    Поранешната министерка за одбрана рече дека нема да ги каже нејзините сознанија за случајот, но праша:

    „Дали МВР не ги соопштува ниту иницијалите на тие кои се уапсени, ниту по тој што се трага, дали е можеби затоа што се луѓе кои се затвореници и кои наместо да бидат во затвор се на улица и се слободни? МВР имало распишано потерница по нив и 30 дена не можат да ги најдат. За жал, потребно беше да се случи убиство во центарот на Скопје за да биде приведен еден од нив, додека се уште се чека акција за пронаоѓање на другиот“, праша Петровска.

    МВР вчера кажа дека се уапсени двајца од тројцата осомничени за убиството.

    „Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне. Лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, уапсено е уште едно лице. На полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово наоѓање“, соопшти МВР.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира