НЕ ГИ ДРАМАТИЗИРАЈТЕ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ВЕЛИ АВСТРИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВАН ДЕР БЕЛЕН

    НЕ ГИ ДРАМАТИЗИРАЈТЕ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ВЕЛИ АВСТРИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВАН ДЕР БЕЛЕНПретседателите Стево Пендаровски и Александер ван дер Белен со сопругите пред нивната средба во претседателската вила. (Фото: К. Попов)

    Австрискиот претседател Александер ван дер Белен, кој денеска е во посета на Скопје, вели дека уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира затоа што, како што кажа тој, заштитата на малцинските права во Северна Македонија и онака е нешто што се подразбира.

    „Не би сакал премногу да се изјаснувам во однос на внатрешнополитички прашања во Северна Македонија, но денес во парламентот на Северна Македонија ќе држам говор и во оваа ситуација ќе ги замолам и сите пратенички групи со многу длабоко размислување да постапат при ова прашање и да размислат што долгорочно стои на ризик, имајќи на ум дека заштитата на малцинствата во Северна Македонија и онака е нешто што се подразбира, така што овој следен чекор сега не би требало да биде драматизиран, според мене“, кажа Ван дер Белен на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Стево Пендаровски.

    Австрискиот претседател додаде дека ја разбира фрустрацијата поради времетраењето на процесот на евроинтеграциите, но ја посочи Хрватска како пример кој што треба да се следи.

    „Фрустрацијата за времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме да не ја изгубите целта од вид. Хрватска покажа дека приемот е можен кога сите значајни политички сили влечат во ист правец. Да работиме заедно за скор прием на Северна Македонија и Албанија. Јас можам да ви гарантирам дека Австрија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер“, изјави Ван дер Белен.

    Во врска со уставните измени, претседателот Пендаровски, пак, кажа дека нема да пропадне Македонија ако 3.000 Бугари влезат во Уставот.

    „Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот кои на број се нешто над 3 илјади луѓе. Македонската сувереност нема да се загрози, ниту пак европскиот пат ако се направи овој чекор“, рече Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира