НЕ МОЖЕМЕ ДА ИСТРАЖИМЕ 8 ГОДИНИ КРИМИНАЛ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, КАЖА ЈАНЕВА ЗА „ТАЛИР“

    НЕ МОЖЕМЕ ДА ИСТРАЖИМЕ 8 ГОДИНИ КРИМИНАЛ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, КАЖА ЈАНЕВА ЗА „ТАЛИР“Купиштата документи со докази за обвиненијата што ги покрена СЈО денеска ќе бидат носени во Кривичниот суд. Јанева ги покани медиумите да ги снимаат. (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева кажа дека за „Талир“ не е поднесено обвинение само затоа што СЈО немало доволно време да ги истражи сите дејствија на осомничените.

    „За ‘Талир’ нема процедурални пречки да се покрене обвинението, но многу е мал периодот во кој што го истражувавме предметот. Логично е ако некој водел незаконска кампања осум години, не може некој за еден месец да ги истражи сите дејствија што треба да им се стават на товар на обвинетите“, одговори Јанева на новинарско прашање зошто не е поднесено обвинение за „Талир“.

    Таа додаде дека треба време за да се извршат вештачења од независни вештаци за да се утврди фактичката состојба.

    Во „Талир“ се осомничени 14-мина високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и лидерот Никола Груевски за нелегално финансирање на партијата и перење пари во износ од 4,9 милиони евра,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира