Ниту еден од трите блока во енергетскиот гигант на Македонија, РЕК „Битола“ не се во фунција. На фотографија од комбинатот, направена денес, се гледа дека нема чад над ниеден од блоковите. Вработени од комбинатот велат дека едниот блок е во ремонт, другиот е плански ислучен, а на третиот се активирала заштитата, па исклучен е само на кратко и за многу скоро ќе проработи.