НЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ГРБОТ И ХИМНАТА АМА ВО ВЛАДАТА НЕМАМЕ ТАБУ ТЕМИ, РЕЧЕ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МЕЏИТИ

    НЕ РАЗГОВАРАМЕ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ГРБОТ И ХИМНАТА АМА ВО ВЛАДАТА НЕМАМЕ ТАБУ ТЕМИ, РЕЧЕ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МЕЏИТИМеџити вели дека во моментов се разговара за реализација на владината програма. (Фото: СДК.МК)

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во Владата нема разговори за промена на државниот грб и химната.Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Владата нема табу теми, но во моментов се разговара за реализација на владината програма.

    Разговори и преговори има за тоа што е во владината програма. Во фокус ни е владината програма, каде има утврдени столбови. Нема такви преговарања во однос на химната, грбот и другото. Но, нема ни табу теми. Разговараме. Има политички договор за владината програма, каде се утврдени столбовите“, рече вицепремиерот Изет Меџити на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капиталво организација на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

    Премиерот Христијан Мицкоски на 12 февруари, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека прашањето за промена на државниот грб е отворено во владината коалиција.

    Знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб, тоа беше пред неколку години, ако не се лажам во 2014, 2015 година. Ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави постсоцијалистички коишто сè уште државниот грб го имаат оној стариот со некои модификации. Но, кратко да кажам: имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, кога таа влада ја водеше Никола Груевски“, рече Мицкоски.

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче тогаш рече дека е против промена на грбот на државата, како што планираат ВМРО-ДПМНЕ и Влен и праша дали се планира промена и на химната.

    На 14 февруари, министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека треба да се решат „етничките прашања“ за да може потоа се фокусираме на „економија, антикорупција и евроинтеграции“. Таравари, кој е еден од лидерите на коалицијата Влен, вели дека темите како менување на државниот грб и химната, досега се ставале под тепих, додавајќи дека тие теми, како и други етнички прашања, треба сега да се решат во пакет.

    Во 2014 промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка. Предложениот грб беше со разјарен црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Тогашната власт рече дека беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од социјалистичката хералдика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира