НЕ СМЕ СТИГНАТИ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА НОВИ ИМИЊА, КАЖА ЗАЕВ ЗА СРЕДБАТА НА НИМИЦ СО ПРЕГОВАРАЧИТЕ

    НЕ СМЕ СТИГНАТИ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА НОВИ ИМИЊА, КАЖА ЗАЕВ ЗА СРЕДБАТА НА НИМИЦ СО ПРЕГОВАРАЧИТЕМакедонскиот и косовскиот премиер Зоран Заев и Рамуш Харадинај пред нивната средба утринава. (Фото: Фесјбук/Зоран Заев)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека предложеното име „Нова Македонија“ е предлог на медиумите, одговарајќи на новинарско прашање за време на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Приштина. Синоќа грчката телевизија „Стар“ објави дека предмет на разговорите во Брисел ќе биде предлогот „Нова Македонија“. Денеска во Брисел се одржува средба на посредникот Метју Нимиц со двајцата преговарачи Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Тоа е прва таква средба по тригодишна пауза.

    „Ние немаме стигнато дотаму да разговараме за некои нови имиња или слично. Верувам дека деновиве ќе се разговара за потврда на желбата на двете страни суштествено да навлезат во решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставено име. Се надевам дека со посрединштво на Метју Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на двете стани, на Македонија и Грција, за изнаоѓање на вакво решение. Се надевам дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера за да можеме понатаму да очекуваме разработка на можни решенија на овој проблем“, изјави Заев.

    Заев утринава ја почна посетата на Косово со средба со Харадинај, а подоцна ќе се сретне со претседателот на косовското собрание Кадри Весели, како и со косовскиот претседател Хашим Тачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира