НЕ ТРЕБА ДА ИМА ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА КОМПАНИИТЕ КОИ НЕ ГИ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ БЕЗ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

    НЕ ТРЕБА ДА ИМА ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА КОМПАНИИТЕ КОИ НЕ ГИ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ БЕЗ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИПовластената цена на електрична енергија за компаниите ја субвенционираат граѓаните на државата, вели Ковачевски. (Фото: Влада)

    Ако компаниите не ги намалуваат цените на нивните производи, а за тоа немаат објективни причини, тие не треба да добиваат субвенционирана струја од државата, бидејќи субвенциите се од граѓаните, вели премиерот Димитар Ковачевски.

    Од 1 декември, производителите на храна плаќаат повластена цена на електрична енергија, но засега не се исполнуваат очекувањата на Владата за намалување на цената на прехранбените производи за барем 10 отсто. Премиерот сега вели дека за компаниите кои не го почитуваат џентлменскиот договор меѓу Владата и стопанските комори за намалување на цените на нивните производи, не треба да важи мерката за набавка на електрична енергија по субвенционирана цена.

    „Доколку нема објективни причини за тоа да не бидат намалени цените и покрај субвенционираната цена на електрична енергија, тогаш нормално дека нема да добиваат субвенционирана цена на електрична енергија, бидејќи таа електрична енергија ја субвенционираат граѓаните на државата. И тоа се средства на граѓаните за да може да се намалат цените на производите“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на презентација на новата инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ.

    Премиерот потсети дека Владата одреди субвенционирана цена на електрична енергија за компаниите и во време кога таа чинеше 300-350 евра за мегават час, државата одлучи да им ја понуди по 80 евра за мегават час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира