Советникот на ДУИ во Општина Охрид од пред еден час е во притвор во истражниот оддел на затворот во Охрид, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР. На Усеини му беше одреден притвор од 8 дена на 20 август, откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела Насилство и Неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали за инцидентот со охриѓанецот Спире Топаловски.
Топаловски првично изјави дека бил тепан со пиштол пред син му, но потоа ја смени изјавата и рече дека му се причинило дека видел пиштол, а Усеини му е пријател.
Неофицијално, во обвинителството има снимки од инцидентот, на кои што се гледа дека Усеини има оружје во рака и го удира Топаловски по тилот пред очите на син му.
С. К. ДЕЛЕВСКА