Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков денеска рапортираше пред комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент и кажа дека може да бидат суспендирани заедничките проекти со Македонија поради нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.
„Можно е одново да го вратиме ветото. Цинизам е да се дискутира за проекти за еколошка патека во Македонија, додека Пендиков лежи во болница. Може да стопираме и други меѓувладини проекти“, изјави Милков пред бугарските пратеници.
Милков кажа и дека е повлечен бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дека тој ќе остане во Бугарија „сè додека Софија не види знаци на промена“.