Нема никаков напредок во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за носењето на новиот закон за Специјално јавно обвинителство, кажа денеска министерката за правда Рената Дескоска. Таа рече дека постојат формални и неформални разговори со ВМРО-ДПМНЕ, но без напредок.
„Нашите позиции се принципиелни. Нема да дозволиме во законот да бидат ставени одредби кои нема да значат целосно воспоставување на правдата. Се прават напори за преиспитување на ставовите кај сите пратеници”, рече Дескоска во изјава за медиуми на конференцијата „Интегритет и антикорупција во бизнис секторот”.
Таа кажа дека очекува позитивна оценка во извештајот на Европската комисија во делот на правдата, иако сѐ уште не е донесен новиот закон за СЈО.
А. АНТЕВСКА