Сите 9 лица кои денеска се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Претпладнево на корона вирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација. Патниците од Струмица кои исто така поминаа 14 дена во домашна изолација, а пристигнаа со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре.
Владата попладнево ќе ги разгледува предлозите на Комисијата за заразни болести и на министерот за здравство Венко Филипче за уште построги мерки за спречување на ширењето на заразата за која вчера Светската здравствена организација прогласи пандемија.