НЕМА ПОСЕРИОЗНО ПОВРЕДЕНИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

    НЕМА ПОСЕРИОЗНО ПОВРЕДЕНИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИБрзата помош до скопските клиники транспортирала само двајца пациенти. - Од упадот на демонстранти во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Во Ургентниот центар на Скопските клиники со Брза помош се пренесени двајца пациенти по упадот на толпа во Собранието. Д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје, вели дека Брзата помош до скопските клиники транспортирала само двајца пациенти, односно едниот е однесен на Клиниката за токсикологија, бидејќи бил дијабетичар и му се слошило, а другиот е однесен во Ургентниот центар со повреда на раката од петарда.

    „Од болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски или поранешна ‘Градска’, добивме повик да транспортираме еден повреден пациент на Ургентен на скопските клиники со повреда на ногата. Колку вкупно има повредени не знаеме, бидејќи повеќето првично побарале помош во бивша градска. Нашите возила немаат правено транспорт на пратеници“, рече д-р Баевска Вучковиќ.

    Во специјалната болница за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ сите што побарале медицинска помош се згрижени и пуштени дома, а само еден пациент е задржан на болничко лекување. Во општата градска болница „8-ми септември“ до десет часот немаше донесено ниту еден повреден од Собранието.

    „Кај нас се уште нема донесено повреден. Пред малку зборував со дежурниот колега од бивша градска, и кај нив само еден е хоспитализиран. Меѓу тие што побарале помош нема пратеници. Подготвени сме со четири тима, односно со осум хирурзи и се договоривме со колегите од Св.Наум Охридски ако има потреба да ни ги препраќаат“, кажа д-р Сашо Стојчев, директор на ГОБ  „8-ми септември“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира