НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЈ ИЗГОРЕА БАРАКИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И ИНСТИТУТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ

    НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЈ ИЗГОРЕА БАРАКИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И ИНСТИТУТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ СТУДИИИнтервенцијата била со 30 пожарникари со 15 противпожарни возила, а биле ангажирани и екипи на јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комунална хигиена“. (Фото: СДК.МК)

    Пожарот во кој изгореа бараките на Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и политичко-правни студии во Скопје е локализиран и во него нема повредени.

    „Стануваше збор за голем пожар, но за среќа спречивме да се прошири и на останатите бараки“, изјави за „Мета“ командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески.

    Причините и штетата допрва ќе се утврдуваат, а сега се внимава некаде пак да не избие оган.

    По пријавувањето на случајот во 12.15 часот, интервенирале 30 пожарникари со 15 противпожарни возила, а преку Штабот за заштита и спасување на Град Скопје за помош на пожарникарите биле ангажирани и екипи на јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комунална хигиена“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира