НЕМА РАБОТНИЧКИ ПРАВА, НЕМА МИР, УТРЕ ПАК ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА

a:2:{s:19:"td_sidebar_position";s:13:"sidebar_right";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА РАБОТНИЧКИ ПРАВА, НЕМА МИР, УТРЕ ПАК ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА

    Со паролите „Нема работнички права, нема мир“, во Скопје вечерва се одржа Второмајскиот протестен марш што го организира Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права, потпишана од десетте синдикати и други организации. Во Повелбата се бара донесување нов закон за работни односи, изедначување на минималните плати, но и повлекување на цели закони и подзаконски акти во областа на културата, кои според синдикатите се против интересите и правата на работниците.

    Граѓанското здружение Протестирам го поддржа Второмајскиот марш и им се приклучи на работниците. Од утре во 18 часот пред СЈО продолжуваат протестите за оставка на претседателот Ѓорге Иванов, кои прекинаа поради продолжениот викенд за Велигден и Први мај.

    Протестот вечерва почна пред Домот на градежниците, а продолжи пред седиштето на Сојузот на синдикати на Македонија, па пред Собранието и заврши пред Владата. Потписници на Повелбата за солидарност се десет синдикати и организации од различни сектори и тоа: Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, Движењето за социјална правда ЛЕНКА, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независниот академски синдикат (НАкС) и Младинската организација МУГРА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари