НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА 44-ГОДИШЕН МАКЕДОНСКИ ВОЈНИК ВО МИРОВНА МИСИЈА ВО КОСОВО

    НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА 44-ГОДИШЕН МАКЕДОНСКИ ВОЈНИК ВО МИРОВНА МИСИЈА ВО КОСОВОВојникот бил пренесен со хеликоптер од Пеќ во Приштина - архивска фотографија на КФОР

    Професионален војник на Армијата на Република Северна Македонија ненадејно починал во Приштина, соопшти Генералштабот на Армијата. Војникот починал на 44-годишна возраст, најверојатно од срцев удар. Тој бил во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија КФОР.

    Воојникот бил на должност во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ. Според соопштението на Генералштабот, во текот на попладневните часови на 7 јануари видно му се слошило по што веднаш му била пружена прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.

    Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во  болница во Приштина, каде по пристигнувањето ссе пристапило кон реанимација, но по кратко време се констатирала смрт за која како причина по првичните наоди е најверојатно од срцев удар.

    Погребот на мировникот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено, соопштија од Генералштабот на АРСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира