НИКОЈ НЕ ПОБАРАЛ ОД МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДЕСТИНАЦИЈА ЗА БЕГАЛЦИ, ТВИТНА ДИМИТРОВ

    НИКОЈ НЕ ПОБАРАЛ ОД МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДЕСТИНАЦИЈА ЗА БЕГАЛЦИ, ТВИТНА ДИМИТРОВРеакцијата на Димитров доаѓа по засилената кампања за собирање потписи против , како што велат организаторите на кампањата, изградбата на станови за бегалци, кои државата планира да ги прими на своја територија. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека откако е на функцијата имал стотина средби и ниту еден негов соговорник не побарал Македонија да стане дестинација за бегалци.

    „Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја – дестинација за бегалци“, напиша Димитров ноќеска на Твитер.

    Реакцијата на Димитров доаѓа по засилената кампања на граѓанската иницијатива „Будење“, која собира потписи во повеќе општини во земјава, против, како што велат, изградбата на станови за бегалци, кои државата планира да ги прими на своја територија.

    Во транзитните центри во Гевгелија и Табановце живеат 40 мигранти, а 15 бегалци бараат азил во Македонија. Од министерството за труд и социјална политика за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека токму овие податоци покажуваат дека земјава е само транзитна зона на бегалците, па поради тоа нема никаква потреба од градење станови за нив.

    „Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците и во минатото, а тоа се покажа и во бегалската криза од 2015-2016 година. Најдобро за тоа говорат статистичките податоци. Бегалската рута е официјално затворена на 9 март 2016 година, во тој период на територијата на Република Македонија имаше околу 1.600 мигранти во двата прифатно транзитни центри во Гевгелија и Табановце. Денешните бројки се 13 мигранти во ПТЦ Гевгелија, 27 мигранти во ПТЦ Табановце и 15 баратели на азил во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил“, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    Царовска додава дека токму ваквите бројки се доказ дека во Македонија нема потреба од градење на станови за бегалци.
    „Нема никакви станови, тоа е лага. Од ЗЕЛС сме побарале само став за стратегија, а не и за станови. Тоа е лага и спин на ВМРО-ДПМНЕ. Нека покажат барање од министерството за труд и социјална политика за градење станови. Нема такво нешто. Ние бараме локации за градинки“ додава Царовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира