На нови парламентарни избори во 2018 година не смее никој да помисли, а не пак да дојде навистина до таква ситуација, предупредува претседателот на Собранието Талат Џафери.
„Тоа е толку несериозен пристап кон досегашните напори за реформскиот процес. Секоја година ни е изборна. Не може инфраструктурните и проектите во економијата да се реализираат поради постојано блокираниот систем поради континуирани избори. Не може да работи локалната дамоуправа, не може ни Владата, институциите”, вели спикерот Џафери.
Тој додава: „Од политички аспект, пак, што ќе им кажат на граѓаните плус од она што досега им го кажаа и уште им го зборат истото?”.
С. К. ДЕЛЕВСКА