НИТУ ЈАС, НИТУ МОЈОТ КЛИЕНТ СМЕ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ НА ЕЈУП АЛИМИ И БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ФАТИМЕ ФЕТАИ

    НИТУ ЈАС, НИТУ МОЈОТ КЛИЕНТ СМЕ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ НА ЕЈУП АЛИМИ И БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ФАТИМЕ ФЕТАИАдвокатот Мефаиљ Арслани вели дека ако СЈО не преземе ниту едно дејствие и не биде покрената постапка против него, тој ќе покрене постапка против обвинителката Фатиме Фетаи за начинот на кој се обидела да го наруши неговиот углед. - Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот Мефаиљ Арслани, кој го застапува обвинетиот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими на судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“, бара јавно извинување од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која денеска во судница кажа дека тој ѝ пренел закана до нејзиниот колега од СЈО Гаврил Бубевски. Во допис до медиумите, Арслани вели дека изнесените наводи од страна на обвинителката Фатиме Фетаи се невистинити и дека ниту тој, ниту неговиот кпиент му се заканувале директно или индиректно на обвинителот Бубевски.

    „На денешното рочиште за предметот ’Титаник 3‘, во кој јас се јавувам во својство на бранител на еден од обвинетите, од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, против мене беа изнесени небулозни тврдења, лаги кои укажуваат на едно непрофесионално постапување на обвинителката и потсмев во јавноста. Барам јавно извинување од обвинителката Фатиме Фетаи. Јас сум адвокат кој професионално ја обавува својата дејност. Моите клиенти и соработници никогаш не сум ги делел според нивната вероисповед, или ‘наши и ваши или каури’ како што посочува Фетаи. Мојот пристап и начин на работа е професионален за кое нешто е потврда мојот коректен однос со сите колеги и клиенти. Ниту јас, ниту мојот клиент сме се заканувале директно или индиректно на обвинителот Бубевски“, вели Арслани.

    Утринава во судница, обвинителот Бубевски му рече на адвокатот Арслани: „Да, добри сте и кога ми се заканувате“, на што адвокатот му одговори со прашање: „Кој ви се заканувал?“. праша адвокатот. Тогаш, Фетаи му кажа на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша, ти може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата‘“.

    Арслани вели дека ниту приватно, ниту пак во врска со предметот се видел со обвинителката Фетаи.

    „Доколку нејзините наводи во врска со заканите се вистинити, сметам дека истата знае на кој начин, закон и член да се повика за истите да ги докаже. Очекувам од страна на СЈО да бидат превземени сите со закон предвидени дејствија, а со цел докажување на вистината. Доколку, не превземат ниту едно дејствие и не биде покрената постапка против мене, јас ќе покренам постапка против обвинителката Фатиме Фетаи за начинот на кој се обиде да го наруши мојот углед“, вели адвокатот Арслани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира