НОЌЕСКА ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛОТ НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

    НОЌЕСКА ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛОТ НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВПоранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов. (Фото: СДК.МК)

    Ноќеска пред семејната куќа изгоре автомобилот “ауди” на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека во моментов се врши увид и се работи на расчистување на случајот.

    “На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.“Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)”, велат од Министерството за внатрешни работи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира