„НОЌНАТА СТРАЖА“ НА РЕМБРАНТ НА СЛИКАЊЕ ВО СКОПЈЕ ЗА ДЕНОТ НА ХОЛАНДСКИОТ КРАЛ

    „НОЌНАТА СТРАЖА“ НА РЕМБРАНТ НА СЛИКАЊЕ ВО СКОПЈЕ ЗА ДЕНОТ НА ХОЛАНДСКИОТ КРАЛВо чест на Денот на Кралот и годината на Рембрант, репродукција во природна големина на ремек-делото „Ноќна стража“ беше поставена на сцена заради фотографирање на гостите; - Амбасадорот на Кралството Холандија Вутер Пломп (Фото: М. Аргаќијева)

    Холандската амбасада во Скопје вчера го одбележа Националниот ден на Кралството Холандија со прием во знакот на ремек-делото на Рембрант „Ноќна стража“ чија репродукција во природна големина беше поставена на сцена заради фотографирање на гостите, со што се приклучи во одбележувањето на годината на најславниот холандски сликар.

    Денот на Кралот во Холандија се слави на 27 април, на роденденот на кралот Вилем-Александер, кој во 2013 го наследи тронот од мајка си, принцезата Беатрис, станувајќи прв крал по 123 години.

    во чест на Денот на Кралот и годината на Рембрант, ученици од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ изработија 15 реплики инспирирани од најпознатите дела на Рембрант, кои беа изложени за време на приемот.

    „Вечерва го славиме Рембрант, а преку неговите дела ја славиме безвременската убавина на уметноста. Преку делата создадени од учениците од средното уметничко училиште ‘Лазар Личеноски’ ја славиме креативноста на младите луѓе, како и пријателските врски што ги поврзуваат народите на Холандија и Северна Македонија“ рече амбасадорот Ваутер Пломп. Тој го поздрави како фер и демократски изведен првиот круг на претседателските избори и додаде дека Холандија често ги критикува пропустите со владењето на правото во земјава но верува и ја поддржува во нејзината преспектива како членка на ЕУ.

    Детски хор од основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ заедно со другарчињата со оштетен слух ги испеја холандската и македонската химна и со знаковен јазик (Фото: М. Аргаќијева)

    Во присуство на претставници од Владата, бизнис секторот, невладините организации и медиумите, во чест на Денот на Кралот и годината на Рембрант, ученици од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ изработија 15 реплики инспирирани од најпознатите дела на Рембрант, кои беа изложени за време на приемот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира