НОВ ДИРЕКТОР НА ОНЕ.ВИП ЌЕ БИДЕ МИСЛАВ ГАЛЕР ОД ХРВАТСКА

    НОВ ДИРЕКТОР НА ОНЕ.ВИП ЌЕ БИДЕ МИСЛАВ ГАЛЕР ОД ХРВАТСКА

    Телекомуникациската компанија оне.Вип објави дека нов извршен директор ќе биде Мислав Галер кој доаѓа на местото на Димитар Ковачевски.

    Новиот извршен директор доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија.

    Ковачевски одлучил да ја напушти компанијата и да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот, соопшти компанијата.

    Тој ќе остане во оне.Вип до крајот на годината за да помогне во веќе започнатите проекти за зацврстување и позиционирање на брендот на  компанијата и да овозможи непречено продолжување на операциите и пренесување на обврските на новиот директор Мислав Галер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира