НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ВО ШТИП ГО ВРАТИ ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ВО ШТИП ГО ВРАТИ ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАОд денешната седница на Советот на Општина Штип. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Штип, свечена изјава дадоа само советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои се мнозинство, а седницата ја напуштија советниците на СДСМ, бидејќи во писмената свечена изјава стоеше Република Македонија, место уставното име Република Северна Македонија, објави државната агенција МИА.

    Советниците од СДСМ рекоа дека не треба да се оди против Уставот и побараа правно толкување од службите, но нивното барање беше одбиено, по што тие си заминаа.

    Во Штип, ВМРО-ДПМНЕ има 13 советници, СДСМ 9 и Левица 1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира