По вчерашните дојави за бомби во 33 основни и неколку средни училишта (во смена на матурантите), денеска мејлови за поставена експлозивна направа стигнале во најголемите трговски центри во Скопје. Околу 19,30 часот, МВР соопшти дека со проверките се утврдило оти сите дојави се лажни.
Во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта,како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џеваир сити, „Ист гејт“ и „Сити мол“, стасале закани по мејл за поставени бомби.
Екипи на МВР ги оградија влезовите на моловите, се пребаруваа евентуални поставени експлозивни средства, откако претходно безбедно се евакуирани персоналот и купувачите.
С. К. ДЕЛЕВСКА