НОВИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО КИЕВ И АБУ ДАБИ, ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ПО ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ, РЕЧЕ БОЧВАРСКИ

    НОВИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО КИЕВ И АБУ ДАБИ, ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ПО ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ, РЕЧЕ БОЧВАРСКИОд Скопскиот аеродром директната авионска линија Скопје- Киев стартува од денеска, а во текот на месецов ќе се воведе и Скопје-Абу Дабу. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска, преку Скопскиот аеродром е воспоставена директна авионска линија меѓу Скопје и Киев, а во текот на месецов ќе се воведе и Скопје-Абу Дабу, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата „Виндроуз“, а ќе ги има секој четврток и недела.

    Летовите од аеродромот во Киев ќе се извршуваат со авиони „ембраер-145“ и „АТР72-600“.

    Бочварски најави дека веќе е потпишан договорот со „Визер“ и во текот на месецов се очекува да почнат летовите кон Абу Даби.

    На новинарско прашање дали и кога ќе бидат обновени евтините летови кои беа укинати поради коронакризата, Бочварски рече дека работат на враќање на линиите, но дека тоа не е прашање кое треба еднострано да се дискутира, туку се однесува и на билетаралните односи меѓу земјите.

    „Како ќе се отвораат границите, како ќе се олеснуваат протоколите и како здравствените работници во земјите ќе имаат олеснителни околности, така ќе го следиме тој процесот и ќе ги враќаме евтините авиолнии“, кажа министерот, додавајќи дека за следната година Министерството за транспорт и врски има 69.5 милиони денари за субвонцирања на овие евтини авиолетови.

    „Визер“ во септември објави дека до крајот на март 2021 нема да ги има летовите до Барселона, Бремен, Хановер, Ларнака, Сандефјорд (Норвешка) и до два аеродрома во Шведска, Скавста во близина на Стокхолм и Вешо, а претходно беше укината и линијата до Салцбург.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира