Заменик претседателот Мајк Пенс зборувал со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и му честитал за историскиот договор со Грција, соопшти Белата куќа.
„Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврди поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Заменик претседателот Пенс го пофали лидерството на премиерот Заев, храброста и посветеноста на мирот и стабилноста во регионот и понуди американска поддршка за договорот за името и неговата успешна имплементација“, стои во соопштението од Белата куќа.