ОБЕЗБЕДИВМЕ ДА БИДЕ ДОСТАПНА ЗА БОЛНИТЕ СКАПА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА КОЈА НЕ Е НА БОЛНИЧКАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ОБЕЗБЕДИВМЕ ДА БИДЕ ДОСТАПНА ЗА БОЛНИТЕ СКАПА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА КОЈА НЕ Е НА БОЛНИЧКАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕЗа измените на Законот за здравствено осигурување, со кои треба да се промени начинот на избор на комисијата за позитивната листа на лекови, имавме координација и се верувам дека во периодот кој што следи ќе помине, рече Филипче (Фото: Влада на РСМ)

    Со централизирана набавка обезбедивме над 30 молекули на скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    „Презедовме чекори да обезбедиме нови лекови кои не се на болничката листа на лекови, за кои болниците имаа условни буџети, за да бидат достапни за пациентите. Направивме централизирана набавка на скапа биолошка терапија и им обезбедивме над 30 нови молекули и тоа по значајно пониска цена, токму поради начинот на набавка, по разговорите и преговорите со Светска банка, а која ги имплементирала веќе во Црна Гора“, рече Филипче.

    Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање кога последен пат е ревидирана позитивната листа на лекови. Тој кажа дека Законот за здравствено осигурување веќе подолго време е во собраниска процедура и дека верува оти во наредниот период ќе помине.

    „Правиме измени во делот на ортопедските помагала и во дел на комисиите за промена на позитивната листа. Постигнавме една координација и верувам дека во периодот кој што следи ќе помине и ќе се смени начинот на избор на комисијата за позитивната листа. Верувам дека во периодот кој што следи ќе помине тој закон и ќе направиме промена на комисијата која треба да ја ревидира позитивната листа на лекови. Ревидирање на листата не значи само воведување нови лекови, туку и ослободување од старите евтини, кои со години на листата“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира