Собраниското обезбедување попладнево пронашло импровизирана експлозивна направа во ходник во парламентот. Од МВР велат дека станува збор за петарда со фитил залепен за голема плинска боца за полнење запалки.
„Во 17.28 часот, началникот на обезбедување на Републичко Собрание Горан Јарчевски пријави дека во Собранието на Р. Македонија, во ходникот на први кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа (петарда со фитил кој бил со селотејп врзан за голема плинска боца за полнење на упаљачи)“, соопшти МВР:
Собранието денеска почна да се расчистува и санира од штетите направени за време на организираниот напад од 27 април. Седница денеска немаше.