ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА 17-ТЕ СОВЕТНИЦИ НА МИЦКОСКИ, МЕЃУ НИВ И ПОРАНЕШНИТЕ ВИЦЕПРЕМИЕРИ ПЕШЕВСКИ И СТАВРЕСКИ

    ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА 17-ТЕ СОВЕТНИЦИ НА МИЦКОСКИ, МЕЃУ НИВ И ПОРАНЕШНИТЕ ВИЦЕПРЕМИЕРИ ПЕШЕВСКИ И СТАВРЕСКИПоранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески е надворешен советник за финансии и банкарство во кабинетот на Мицкоски. (архивска фотографија)

    Владата ги објави имињата на 17-те советници на премиерот Христијан Мицкоски, а меѓу нив се и поранешните вицепремиери од владите на Никола Груевски, Владимир Пешевски и Зоран Ставрески, како и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

    Вељаноски е амнестиран од обвинението за органирање на нападот на Собранието на 27 април 2017. Пешевски беше меѓу обвинетите во случајот „Траекторија“ за изградбата на кинеските автопати со незаконски тендер со кој според обвинението, државата е оштетена за околу 160 милиони евра, но беше ослободен од гонење со измените на Кривичниот закон.

    Објавувањето на имињата следи откако вчера на прес-конференција, премиерот беше прашан зошто не се објавуваат, исто како што нема ниту извештаи од владините седници.

    „Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, кои се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари“, кажа вчера Мицкоски и рече дека веднаш ќе бидат објавени нивните имиња.

    17-те советници на Мицкоски се:

    1. М-р Амбасадор Сашо Марковски / Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија
    2. Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
    3. Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
    4. Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
    5. Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
    6. Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
    7. Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
    8. Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
    9. Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
    10. Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
    11. Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
    12. Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
    13. Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
    14. Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
    15. Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки
    16. Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима
    17. д-р Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025 спогодбен прекин на договор, поради именување за амбасадор во Франција).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира