ОБЈАВЕНИ ПРАШАЊАТА ЗА ЕКСТЕРНОТО, ЗАЕВ ВИКА ЌЕ ГО УКИНЕ ВЕДНАШ

    ОБЈАВЕНИ ПРАШАЊАТА ЗА ЕКСТЕРНОТО, ЗАЕВ ВИКА ЌЕ ГО УКИНЕ ВЕДНАШСо последните законски измени од јули минатата година, резултатите од екстерното тестирање не влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно нема да влијаат врз просекот на успехот и на оценките во сведителствата, а екстерното почнува од шесто одделение.

    Државниот испитен центар вчера објави 450 илјади прашања за екстерното тестирање кое треба да се одржи од 5 до 9 јуни, но веќе денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека укинувањето на екстерното, едно од неговите ветувања во изборната кампања, ќе биде веднаш реализирано.

    „Многу родители, многу наставници, многу деца чекаат да го укинеме екстерното тестирање, заради тоа што тоа е на крајот на мај или на почетокот на јуни, за да бидат начисто, оти и психолошки делува, верувам, и на целиот образовен процес при финишот на учебната година“, рече Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

    Заев во четвртокот кажа дека очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов на почетокот на следната недела за да му ги даде гаранциите за мандатот за состав на влада и дека до крајот на месецов ќе се формира владата.

    Од Државниот испитен центар велат дека учениците, наставниците, но и родителите доколку имаат забелешки за прашањата ќе можат да дадат свој коментар на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk до 15 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира