ОБВИНЕНИЕ ЗА НАСИЛНИК ОД СВЕТИ НИКОЛЕ КОЈ ЈА ПРЕТЕПАЛ БРЕМЕНАТА ДЕВОЈКА, ПА ЈА ОСВЕСТУВАЛ СО ЛАДНА ВОДА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО УДАРИТЕ

    ОБВИНЕНИЕ ЗА НАСИЛНИК ОД СВЕТИ НИКОЛЕ КОЈ ЈА ПРЕТЕПАЛ БРЕМЕНАТА ДЕВОЈКА, ПА ЈА ОСВЕСТУВАЛ СО ЛАДНА ВОДА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО УДАРИТЕ21-годишникот во текот на 19 и 20 февруари физички ја нападнал својата бремена девојка со која живеел во заедница и 15 часа ја држел затворена во нивниот дом. (архивска фотографија)

    Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе обвинителен предлог против 21-годишен маж кој се сомничи за семејно насилство и противправно лишување од слобода. Тој во текот на 19 и 20 февруари физички ја нападнал својата бремена девојка со која живеел во заедница и 15 часа ја држел затворена во нивниот дом.

    Според информациите од истрагата, нападот започнал со вербални навреди, по што обвинетиот почнал да ја удира девојката со тупаници сè додека таа не се онесвестила. Потоа ја однел во бањата каде ја прскал со ладна вода за да ја освести, па продолжил со насилството, влечејќи ја за коса и задавајќи ѝ удари по главата и телото.

    Кога оштетената се обидела да побегне, напаѓачот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел спротивно на нејзината волја. Поради овие дејствија, јавниот обвинител заедно со обвинението достави и предлог за определување мерка притвор за 21-годишникот.

    Од обвинителството наведуваат дека во тек се дополнителни проверки за други можни злоупотреби извршени од ова лице кон истата оштетена, кои произлегле од нејзиниот исказ даден пред надлежните органи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира