ОБВИНЕТИТЕ БРАЌА НА ЛАТАС СИ ГИ БАРААТ ПАСОШИТЕ ЗА ДА ОДАТ НА ОДМОР

    ОБВИНЕТИТЕ БРАЌА НА ЛАТАС СИ ГИ БАРААТ ПАСОШИТЕ ЗА ДА ОДАТ НА ОДМОРСпецијалните обвинители Гаврил Бубевски и Стевчо Донев на денешната јавна расправа во Апелациониот суд. (Фото: СДК.МК)

    Со јавна расправа по жалбата на Звездан Павловиќ, во Апелациониот суд Скопје се отвори дискусија за неговиот и за одземениот пасош на брат му Срѓан Павловиќ. Се работи за предметот „Тревник“ на Специјалното обвинителство, во кој што тројцата браќа Драган Павловиќ Латас, Звездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ, се обвинети за бесправно градење во Зелениково.

    На тројцата, по барање на СЈО, им се одземени патните исправи. Гаврил Бубевски рече дека СЈО ја барал, а Основниот суд ја одобрил мерката на претпазливост, за брзо и ефикасно завршување на постапката. Според него, има опасност од бегство на Звездан Павловиќ. Одбраната на Павловиќ рече дека Апелациониот суд Скопје треба да му ја врати патната исправа за да си оди со семејството на одмор.
    „Паушални се тврдењата на СЈО за бегство. Никогаш обвинетиот не ја опструираше работата на СЈО”, рече одбраната.

    Потоа влезе Срѓан Павловиќ, кому исто така, со одлука на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, му е одземен пасошот поради опасност од бегство, висината на казната за ова дело и поради начинот на извршување на делото. Честото одење во Србија обвинетиот го правда со набавка на материјали за неговата фирма, а во Италија, зашто синот му студирал таму. На Драган Павловиќ Латас во овој случај СЈО не бараше мерка на претпазливост. Нему пасошот му е одземен преку предметот „Тотал“, каде што е обвинет за финансиски криминал.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира