Јавниот обвинител Љубомир Јовески, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорката Ингибјорг Солрун-Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза, позната како ПАХТ програма, соопшти Обвинителството.
Сите потписници на Меморандумот ќе назначат нивни Национални офицери за имплементација на оваа програма.
„Ценејќи дека криминалот од омраза претставува повреда на човековите права и закана за владеењето на правото и демократската стабилност, потписниците на Меморандумот се обврзаа да дадат активно учество во реализација на програма за обуки наменети за јавните обвинители“, вели Обвинителството.
Со донесување Национален план, со едукација за криминал од омраза ќе бидат опфатени сите јавни обвинители во државата.