ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ ФАТЕН ВО ШВЕРЦ НА НАД 13 КИЛА ЗЛАТО НА ТАБАНОВЦЕ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ ФАТЕН ВО ШВЕРЦ НА НАД 13 КИЛА ЗЛАТО НА ТАБАНОВЦЕШверцуваното злато вреди околу 600.000 евра. (Фото: Царинска управа)

    Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 55-годишен турски државјанин жител на Скопје за криумчарење на над 13 кила злато во автобус фатен вчера на граничниот премин на Табановце. Осомничениот 55-годишник бил корисник на старосна пензија во Турција, додека во земјава бил ангажиран со договор на дело како возач на автобус во превозник од Скопје. Осомничен е за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Според Обвинителството, вчера тој го возел автобусот на редовна линија Пореч, Хрватска – Гостивар. На граничниот премин Табановце, преку царинска линија, при влез во земјава, се обидел да ја избегне царинската контрола и пренел непријавена стока од големи размери – златен накит, часовници и златни плочки во вкупна вредност од 36.305.644,81 денари (околу 600.000 евра).

    „Пратката со златни предмети претходно ја зел од хрватски државјанин и ја скрил во делот каде што се наоѓа вентилацијата на автобусот. При контрола од овластени царински службеници таму биле пронајдени 18 пакувања во кои имало 97 златни прстени, 39 златни огрлици, 133 златни нараквици, 4 парчиња нараквици со полускапоцени камења, 5 парчиња сини златни нараквици, 8 парчиња жолти златни нараквици, 5 парчиња гумени нараквици со златни плочки, 5 парчиња часовници златни без механизми и нивни делови, 33 парчиња златни приврзоци, 91 парчиња златни обетки, 23 парчиња златни монети, 48 парчиња златен кршен накит, 73 парчиња златни плочки во правоаголна и друга форма и 3 пакети злато во гранули. Златните предмети биле со вкупна тежина од 13,3 килограми“, вели Обвинителството.

    Обвинителство до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да сизбега, но и да го повтори кривичното дело ако се брани од слобода.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира