OБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ДЕДОТО НА ТАМАРА КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ ТОДОРОВ

    OБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ДЕДОТО НА ТАМАРА КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ ТОДОРОВОд вчерашниот увид на полицијата пред Министерството за здравство по пукањето кон бившиот министер Тодоров. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство отвори истрага за убиство во обид и побара притвор за Љ.С. (60), дедото на Тамара, кој вчера пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, соопшти Јавното обвинителство. Осомничениот се гони и за кривичното дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

    „Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 во врска со член 19 и со Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за определување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување“, соопшти Јавното обвинителство.

    Осомничениот утрово од 11 часот е на сослушување пред јавен обвинител. Според она што го кажал пред полицијата досега, дедото на Тамара дошол вчераутро сам во Скопје. Имал кај себе повратен билет за Велес. Кажал дека вчераутро тој првин го чекал Тодоров дома. Но, ексминитерот не се појавил додека Љ. С. го чекал дома. Потоа дошол пред Министерството за здравство и веднаш кога му се појавил пред очите, почнал да пука кон него. За среќа, го промашил и Тодоров не е повреден.

    Вештачењето врз оружјето не е завршено, велат во МВР, но првично се знае дека станува збор за импровизирана направа, огнено оружје со гасни куршуми, но кои може да повредат.
    Вчера мајката на починатото болно девојче од Велес, рече дека револтот во семејството е голем, но дека никогаш не помислила дека нејзиниот татко ќе посегне по животот на ексминистерот Тодоров, од кого семејството на Тамара и целата јавност во Македонија и ден денеска секојдневно бараат одговорност од него за смртта на Тамара.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира