Антикорупциската комисија ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Скопското јавно обвинителство зашто утврдила злоупотреба на службена положба и овластувањата кај поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски.
На денешната седница на Комисијата беше кажано дека Јордан Тасевски, внук на Панчевски, бил примен на работното место помлад судски соработник, иако воопшто не бил пријавен на огласот на кој уредно се пријавиле 155 кандидати.
„Панчевски ги надминува неговите надлежности. Тоа е незаконско постапување. Не е во прашање непотизам, туку злоупотреба на службена положба”, рече Катица Николовска, член на Комисијата.
С. К. ДЕЛЕВСКА