ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ФИКТИВНИ КАРДИОВАСКУЛАРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ПОКРИЕНИ ОД ДРЖАВАТА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ФИКТИВНИ КАРДИОВАСКУЛАРНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ПОКРИЕНИ ОД ДРЖАВАТАВо Фондот за здравствено осигурување не сакаат да откријат за која приватна болница станува збор. Не сакаа да кажат ни кои приватни здравствени установи имаат договор со Фондот за покривање на трошоците за кардиоваскуларни интервенции - директорот на Фондот Ден Дончев - (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје, соопшти вчера попладне Јавното обвнителство.

    Во соопштението се вели дека „предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен Договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување“.

    Во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) вчера не сакаа да откријат за која приватна болница станува збор и дали го знаат случајот. Денеска само соопштија дека Фондот и за лани и за оваа година има договор со за покривање на трошоците за кардиоваскуларни интервенции со приватните болници „Жан Митрев клиника“ и „Аџибадем Систина“.

    Според сооштението на Јавното обвинителство „постојат постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира