ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА СОКОЛ МИТРЕВСКИ И ПЕТМИНА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА СОКОЛ МИТРЕВСКИ И ПЕТМИНА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВЕксградоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски и уште петмина вработени во Општината се осомничени дека овозможиле незаконско приватизирање на земјиште сопственост на Општината

    Основното јавно обвинителство – Скопје побара домашен притвор, одземање на пасошите и обврска да се јавуваат редовно во суд за ексградоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски и уште петмина вработени во Општината, осомничени дека овозможиле незаконско приватизирање на земјиште сопственост на Општината.

    Обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против девет лица за злоупотреба на службената положба и овластување.

    Утринава тие беа приведени, а Обвинителството ги товари дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучување за поднесени барања за утврдување правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета од 4,1 милиони денари, односно 66.550 евра.

    Според соопштението од Јавното обвинителство, со приватизацијата било овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за квадратен метар, додека пазарната на лицитацијата по редовна постапка би била значително повисока.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира