ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ПОБАРА ОД МВР ДА УАПСИ 15 НАСИЛНИЦИ ОД НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ ПОБАРА ОД МВР ДА УАПСИ 15 НАСИЛНИЦИ ОД НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТОАктерот Владо Јовановски и управникот на МОБ Игор Дурловски (во средината, со рацете на половина) се едни од инцијаторите на „За заедничка Македонија“ кои насилно влегоа во Парламентот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Основното јавно обвинителство вечерва даде наредба да се приведат 15-мина учесници во нападот на Собранието и Министерството за внатрешни работи постапува по тоа барање, потврдија извори од полицијата и обвинителството.

    Од обвинителството на Марко Зврлевски велат дека штом ќе бидат најдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и утре изнесени пред пред судија на претходна постапка и, најверојатно, ќе се бара притвор. 

    Претходно вечерва, Министерството за внатрешни работи побарало од Основното јавно обвинителство одредување притвор или одземање на патните исправи на четири лица, за кои од МВР велат дека се обезбедени докази дека биле организатори и водачи нападот во Собранието во четвртокот, потврдија извори од полицијата.

    Станува збор за водачите на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски, за кои МВР бара од ОЈО под итно да бидат повикани на сослушување.

    Утринава, пак, делегацијата на ЕУ во Скопје, американската амбасада, мисијата на ОБСЕ и канцеларијата на НАТО во заедничка изјава најостро го осудија, како што наведуваат, „организираниот напад во Собранието“ и велат дека очекуваат кривичните дела да бидат бргу истражени, дека организаторите и извршителите на нападот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а судовите дека ќе дејствуваат самостојно.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира