ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО СУДНИЦА ГО ПОКАЖА НА СЛИКА ТЕЛОТО НА УБИЕНИОТ ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ, ФРЛЕНО И ЗАКОПАНО ВО ДУПКА БЛИЗУ ВЕЛЕС

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО СУДНИЦА ГО ПОКАЖА НА СЛИКА ТЕЛОТО НА УБИЕНИОТ ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ, ФРЛЕНО И ЗАКОПАНО ВО ДУПКА БЛИЗУ ВЕЛЕСОбвинетите на денешното судење во Основниот кривичен суд. (Фото: К. Попов)

    По повеќечасовната презентација на видеоснимките како доказ за свирепите убиства на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинителките покажаа во судница дел од фото-документацијата со докази и меѓу нив, неколку со безживотното тело на Панче кој беше најден мртов на трети декември 2023 година.

    Беше убиен на 22.11.2023 година.

    Тоа беше на крајот на денешното рочиште и по овИе фотографии, никој не остана рамнодушен.

    По ова, судијата Ивица Стефановски го заврши денешното рочиште.

    Цел ден се презентираа материјални докази за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски во ноември 2023 година за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи со емитување прибавени видеоснимки за движењето на таткото на Вања.

    Откако во детали ги прикажаа движењата на возилата “ситроен” и “рено кангу” пред киднапирањето на Вања, по киднапирањето, по нејзиното убиството, палењето на “цитроенот”, до враќањето во седиштето на партијата на Палчо, “Десна”, обвинителките пуштија снимка и за таткото на Вања.

    Во 9.14 часот е забележан таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски како по исчезнувањето на Вања, поминува пред хотелот “Александар Палас”, каде што околу 7.40 истото утро на 27.11.2023 година помина “цитроенот” во чиј гепек беше присилно ставена неговата киднапирана ќерка. Таа набргу по киднапирањето беше свирепо убиена, а ја ликвидирал првообвинетиот Љупчо Палевски.

    Според обвинението, тој и сообвинетите Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, се обвинети дека прво го киднапирале и убиле Панче Жежовски за да му го земат стариот авто обил “цитроен”. Потоа со ова возило ја киднапирале Вања и по нејзиното убиство само два часа откако беше киднапирана, возилото на Панче беше запалено.

    Според обвинението, монструозните кривични дела обвинетите ги сториле од користољубие, за изнуда на пари од мајката на Вања. Обвинителството докажува дека таткото на Вања кој е разведен од сопругата, мајката на Вања, е вмешан во планот за изнуда на пари од екссопругата.

    Потоа обвинителките прикажуваа снимки од Велес, на кои се гледа како “реното кангу” на 22.11.2023 година поминува накај куќата на Панче.

    Кај 10 часот се гледа и како се движи неговото возило “цитроен”. Набргу Панче ќе биде ликвидиран, а обвинетите колата ќе му ја земат.

    Кај 10.15 часот на снимка се гледа како прво вози “рено кангуто”, а веднаш по него “ситроенот” на Панче Жежовски. Го носат да го убијат.

    Во следна видеоснимка колата на убиениот Панче веќе го напушта Велес, во правец кон Скопје.

    Потоа беа презентирани фотографиите од местото Речани, велешко, каде што беше најден мобилниот телефон, а потоа и од мртвиот Панче.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира