ОД 10 ЈАНУАРИ ЌЕ ГО ЗАТВОРИМЕ НЕБОТО НАД МАКЕДОНИЈА АКО ВЛАДАТА НЕ РЕАГИРА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ НА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ АЛЕСКАНДАР ТАСЕВСКИ

    ОД 10 ЈАНУАРИ ЌЕ ГО ЗАТВОРИМЕ НЕБОТО НАД МАКЕДОНИЈА АКО ВЛАДАТА НЕ РЕАГИРА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ НА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ АЛЕСКАНДАР ТАСЕВСКИВладата вчера најави дека ќе биде разрешено раководството на М-НАВ, но дури на наредната владина седница, во вторник. - Тасевски по приемот во Делегацијата на ЕУ во Скопје (Фото: К. Попов)

    Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски денеска најави дека од 10 јануари ќе го затворат небото над Македонија ако Владата не реагира по вчерашниот насилен упад во радарската соба каде што е сместена обласната контрола на летање во М-НАВ.

    Владата вчера најави дека ќе биде разрешено раководството на М-НАВ, но дури на наредната владина седница, во вторник.

    „Ако Владата и самите директори останат глуви по сите овие случување за кои имаме огромна поддршка од јавноста, решени сме, почнувајќи од 10 јануари, да го затвориме воздушниот простор над Македонија. Веќе не се работи само за подобрување на работните услови, туку за битка за обезбедување и гаранција на безбедноста на секој еден патник кој патува со авион“, кажа Тасевски по приемот во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

    Вчера, непосредно по прес-конференција пред М-НАВ на претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, на која што тој алармираше за партиски вработувања и други злоупотреби во институцијата, а зад кој застанаа голем број вработени и му аплаудираа, осум насилници во две возила влегле во зградата и нападнале вработени од албанска етничка припадност.

    Тие поминале 3 бариери на обезбедување – портата во дворот на М-НАВ, влезната врата во зградата каде што пристап имаат само тие што имаат електронска картичка и во контролната кула каде што нема можност за движење без придружба. Но, бандитите се движеле со Беким Незири, претседател на огранокот на ДУИ од скопски Чаир. Тој е постојано вработен во М-НАВ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира