ОД 103 МЕРКИ ОД ПЛАНОТ 3-6-9 ЗА РЕФОРМИ НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ ПОМАЛКУ ОД ДЕСЕТ, ВЕЛИ ОСМАНИ

    ОД 103 МЕРКИ ОД ПЛАНОТ 3-6-9 ЗА РЕФОРМИ НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ ПОМАЛКУ ОД ДЕСЕТ, ВЕЛИ ОСМАНИНа 17 април, владата очекува чиста и безуловна препорака од Европската комисија и тој ќе буде најдобриот извештај до сега, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи (Фото: Влада на РМ)

    Владиниот План 3-6-9 за исполнување на условите за деблокирање на евроатланските интеграции е исполнет околу 90 отсто, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Според Османи, од 103 мерки предвидени со владиниот план за ЕУ, помалку од десет не се реализирани.

    „Ја пренесувам пораката од Брисел дека Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда и дека нашата држава е вратена повторно на европскиот пат. Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози. На 17 април очекуваме чиста и безуловна препорака од Европската комисија и тој ќе буде најдобриот извештај досега“, рече Османи на денешната презентација за исполнувањето на владиниот План за ЕУ 3-6-9 .

    „Сите реформи што ги направила владата, се усогласени со мислењата и препораките на сите релевантни институции од Европската унија“, рече Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира