ОД 28 МАРТ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОСООБРАЌАЈОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 17 ДО 9 ЧАСОТ

    ОД 28 МАРТ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОСООБРАЌАЈОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 17 ДО 9 ЧАСОТПоследната реконструкција на пистата беше направена во 1996 (Фото: СДК.МК)

    На 28 март почнува реновирањето на пистата на скопскиот аеродром, при што тој ќе продолжи да функционира. Предвидено е реновирањето да трае 50 дена, до 16 мај и во тој период, авиосообраќајот ќе се одвива секој ден од 17 до девет часот.

    „Рехабилитација на пистата значи дека ќе го обновиме горниот слој на асфалтот. Од 28 март до 16 мај, секој ден од девет до 17 часот ќе се рехабилитира еден дел од вкупната должина на полетно-слетната патека, со цел аеродромот да остане оперативен, односно да можеме нормално да ги опслужуваме летовите од 17 до девет часот. Аеродромот ќе биде отворен за патници 24/7, како и секогаш“, изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Метин Батак.

    Пистата на меѓународниот аеродром „Скопје“ е долга 2.950 и широка 45 метри. Последната реконструкција беше направена во 1996 година, кога аеродромот беше затворен два и пол месеци, а целокупниот сообраќај беше префрлен на охридскиот аеродром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира