ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА 27-ГОДИШНАТА РОДИЛКА ОД КУМАНОВО

    ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА 27-ГОДИШНАТА РОДИЛКА ОД КУМАНОВОРодилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. (Фото: К. Попов)

    Почина 27-годишната родилка позитивна на КОВИД-19 од Куманово, објави Министерството за здравство. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новороденче, негативно на вирусот.

    Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март, поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.

    Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, сè уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 617 лица, од кои 30 починати и 35 излечени.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира