ОД УТРЕ ДО НЕДЕЛА ПАК НЕМА ДА РАБОТАТ ШАЛТЕРИТЕ ЗА ВАДЕЊЕ ПАСОШИ И ЛИЧНИ КАРТИ

    ОД УТРЕ ДО НЕДЕЛА ПАК НЕМА ДА РАБОТАТ ШАЛТЕРИТЕ ЗА ВАДЕЊЕ ПАСОШИ И ЛИЧНИ КАРТИОва е вторпат месецов МВР да прави надградби на системот поради што по пет дена не работат службите.(Фото: СДК.МК)

    Од утре до недела повторно нема да работат шалтерите за вадење пасоши и лични карти. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во наредните пет дена ќе се врши миграција во нов систем и затоа нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи. Ова е вторпат месецов МВР да прави надградби на системот, поради што по пет дена не работат службите.

    „Граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година“, велат од Министерството за здравство.

    Исто така, нема да може ниту да се подигнуваат личните документи, туку тоа треба да се направи до денес или од понеделник.

    Од почетокот на месецов владее хаос за аплицирање за лични документи. Граѓани велат дека со денови не можат да добијат линија за да закажат, а кога ќе добијат термин им се закажува за два месецa. Од МВР велат дека во овој период имаат енормно зголемен број барања за издавање нови лични документи, затоа што, претходно границите беа затворени и не можеше да се патува надвор од државата, па и граѓаните помалку аплицирале за нови документи.

    Поради големиот број барања за вадење нови патни  документи, донесена е одлука за граѓаните да можат да патуваат со истечени пасоши. Направена е измена и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, со што се продолжува нивната важност.

    „Македонските државјани ќе можат да ги користат пасошите чија важност истекла по 31 јули 2020 година. Рокот за важност на патните исправи ќе биде 31 декември“, велат од МВР и дополнуваат дека преку Министерството за надворешни работи за ова се известени сите држави.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира