ОД УТРЕ ВЛЕЗ ВО ОБЈЕКТИ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИМЕНИ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА ИЛИ ПРЕЛЕЖАН КОВИД ВО ИЗМИНАТИТЕ 45 ДЕНА

    ОД УТРЕ ВЛЕЗ ВО ОБЈЕКТИ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИМЕНИ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА ИЛИ ПРЕЛЕЖАН КОВИД ВО ИЗМИНАТИТЕ 45 ДЕНАОд вакцинацијата против ковид-19 во салата „Борис Трајковски“. (Фото: СДК.МК)

    Од утре, 15 ноември, за влез во објекти е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација од коронавирусот, односно примени две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, соопшти Министерството за здравство.

    Досега, за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19.

    Заклучно со 11 ноември, вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

    Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира