ОДБРАНАТА НА ЗАЕВ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ И НА ШЕФОТ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЗА „ПОТКУП“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ОДБРАНАТА НА ЗАЕВ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ И НА ШЕФОТ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЗА „ПОТКУП“

    Одбраната на лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинет во случајот „Поткуп“, побара изземање и на Златко Биковски, в.д. претседателот на Обвинителството за организиран криминал, кој на денешното судење го замени обвинителот Владимир Милошевски, кому му е истечен мандатот.

    Причините за барањето за изземање ги образложи Заев, кој рече дека постојат сомнежи оти Биковски е дел од организирана група што го користи јавното обвинителство да монтира судски процеси против него од чисто политички причини.

    ШЕФОТ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ДОЈДЕ ДА ПОМОГНЕ ПРОТИВ ЗАЕВ ВО „ПОТКУП“

    Судијката Дијана Груевска-Илиевска, по ова, даде пауза од два часа за да може Вишото јавно обвинителство да донесе одлука по барањето на адвокатите на Заев. Одбраната, пак, побара наместо два часа, судот да им даде од еден до три дена за да го комплетираат барањето за изземање на Биковски со докази.

    Адвокатот Јаким Неделков и на денешното рочиште побара запирање на постапката за случајот „Поткуп“, сè додека Специјалното јавно обвинителство не се произнесе по кривичната пријава на Заев, што се однесува на објавувањето на снимките од посебните истражни мерки поврзани со овој случај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира