ОДЛОЖЕНИ НАД 1.700 ПРЕГЛЕДИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ И СТАРА ГРАДСКА БОЛНИЦА

    ОДЛОЖЕНИ НАД 1.700 ПРЕГЛЕДИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ И СТАРА ГРАДСКА БОЛНИЦАНа скопскиот плоштад каде граѓаните ја следеа светата литургија на папата на 27 граѓани им се слошило, но екипите на Итната медицинска помош заедно со волонтерите од Црвен крст им пружиле помош на самото место. Папата пристигнува на плоштадот - (Фото: Ѓ. Личовски)

    На скопските клиники денес се пропуштаа само возила на Итна медицинска помош, поради безбедносните протоколи за време на посетата на папата Фрањо. За граѓаните беа достапни Клиниката за детски болести и Клиниката за гинекологија и акушерство. Согласно протоколот за организација на посетата, вработените беа на своите работни места, но третираа само итни случаи. Закажаните прегледи и интервенции беа одложени.

    Според податоците од системот Мој термин одложени се 1.736 прегледи и интервенции, кои дополнително ќе бидат презакажани.

    Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ д-р Христијан Костов рече дека од вчера од 18 часот кога беше ставена забрана за влез во кругот на Скопските клиники до пладне биле прегледани 351 пациенти, а повеќе од половината биле во Ургентниот центар. Тој рече дека медицинските работници во болницата работат со полн капациет согласно препораките од Министерството за здравство, односно дека дел од екипите се зајакнати и дека имаат и екипи што се на повик, доколку има потреба.

    „Хоспитализирани се 43 пациенти, а оперирани се 17. Нема некое драстично зголемување на број на пациенти, околу 30 отсто повеќе од вообичаеното“, вели д-р Костов.

    Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ д-р Иван Спировски вели дека согласно препораките и тие работат со зајакнати тимови.

    „Бројот на пациенти е незначително зголемен за 10 отсто“, вели д-р Спировски.

    На скопскиот плоштад каде граѓаните ја следеа светата литургија на папата на 27 граѓани им се слошило, но екипите на Итната медицинска помош заедно со волонтерите од Црвен крст им пружиле помош на самото место. За враме на литургијата на плоштадот беа распоредени пет возила на Итна медицинска помош од повеќе градови, а две други го следеа папата.

    ЕКИПА НА СДК.МК

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира