Денешното судење на Мариглен Демири од Левица во Основниот суд Скопје 1 беше одложено поради неподготвеност на државниот правобранител да даде исказ и е презакажано за 22 ноември. Против Демири е поведена кривична постапка за учество на протестите како еден од демонстрантите кои ја демолирале Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Во врска со протестите на 13 април пред канцеларијата на таканаречениот претседател на РМ, поднесени се вкупно засега шест кривични пријави, од кои три се за членови на раководството на Левица, против мене, Мариглен Демири и против Владимир Куновски. Се работи за политички прогон против Левица. Очигледно режимот се плаши од Левица и сакаат да не замолчат преку судската власт“, кажа Здравко Савески од Левица на прес-конференцијата пред Судот.
Ф. Златку