ОДЛОЖУВАЊАТА НА „ПУЧ“ НЕ БЕА НА НАШЕ БАРАЊЕ, ТУКУ ПОРАДИ ТОА ШТО СУДОТ НЕ ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИ, МУ ОДГОВОРИ СЈО НА СУДОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДЛОЖУВАЊАТА НА „ПУЧ“ НЕ БЕА НА НАШЕ БАРАЊЕ, ТУКУ ПОРАДИ ТОА ШТО СУДОТ НЕ ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИ, МУ ОДГОВОРИ СЈО НА СУДОТ

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева останува на обвинувањата кои ги изнесе јавно и пред Парламентот кога го бранеше извештајот за шестмесечната работа, дека случајот „Пуч“ на разни начини го кочи Основниот суд Скопје 1, со цел, како што вели, да не се дознае кој прислушувал и масовно ги кршел човековите права во Македонија.

    По соопштението на Основниот суд Скопје 1, во кое се тврди дека од десетте одложени рочишта, шест биле одложени зашто обвинетите постојано биле на службени патувања, три расправи биле одложени на барање на СЈО, а дека само минатата расправа била одложена заради болест на еден од судиите-поротници, САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати до СЈО дали се точни овие тврдења.

    СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЧ“ СЕ ОДЛОЖУВА ПОРАДИ ОБВИНЕТИТЕ И СЈО, ВЕЛАТ ОД СУДОТ

    „Уште на првото рочиште по преземањето на случајот од СЈО, специјалната обвинителка Катица Јанева бараше безбедносни сертификати, не и беа дадени. Денес излезе дека таа била во право уште првиот пат. Потоа Основниот суд Скопје 1 не ни ги даваше копиите од доказите, па одевме таму да ги разгледуваме. Апелациониот суд Скопје одлучи дека ние сме во право. Сите одлагања во овој период не беа на наше барање, туку поради тоа што Судот не обезбеди услови. Исто како кога се разболе поротникот“, објаснуваат од СЈО.

    Во одговорот се напоменува дека нема одложено расправа за Пуч поради свадбата на ќерката на Јанева, како што се тврди во соопштението на Кривичниот суд, туку поради тоа што Судот не му ги даваше доказите на СЈО. Тоа јасно стои во записниците, упатуваат оттаму. Првите пет одлагања беа кога за „Пуч“ се уште беше надлежно Обвинителството за организиран криминал на Јован Илиевски и на Марко Зврлевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира